Достапни линкови

Груевски го кани Самарас на средби и нема веке да дава изјави


Кабинетот на македонскиот премиер соопшти дека Никола Груевски во наредните месеци ќе се воздржува од какви било коментари кои се однесуваат на спорот за името или се од суштинско значење на односите меѓу двете земји и нема да одговара на прашањата на новинарите на овие теми. Целта е да не се остави простор, неговите изјави да бидат користени како алиби за дефокусирање од билатералниот спор, но и да не бидат злоупотребувани од страна на поединци и политичари кај јужниот сосед.
Сведоци сме на прилично остри и неконструктивни реакции од грчка страна поврзани со содржината на разговорите со што очигледно се покажува една нервоза и непријатност од вистината којашто е втемелена не во позициите изнесени од премиерот Груевски, туку од Извештајот на специјалниот пратеник за човекови права на Генералниот секретар на Обединетите нации, г-ѓата Геј Мекдугал, за чии забелешки во врска со македонското малцинство во Грција, и раселените лица од Граѓанската војна во Грција, впрочем, меѓу другото на средбата и се разговараше.
Во интерес на засилување на дијалогот помеѓу двете земји и создавање позитивен импулс и амбиент, премиерот Груевски му нуди на грчкиот премиер Андонис Самарас повеќе термини за меѓусебни средби, и тоа: 2 август, 15 август, 2 септември, 15 септември, но и кој било друг термин или локација кои што би биле определени од грчка страна. Премиерот Груевски заради давањето висок приоритет на ова прашање изразува подготвеност да откаже какви било претходно закажани активности, патувања или посети, доколку тие се поклопуваат со евентуално предложен термин од грчка страна.
XS
SM
MD
LG