Достапни линкови

logo-print

Вашингтон отворено ги повикува Атина и Скопје на преговори


Американскиот Стејт демартмент отворено ги повика Грција и Македонија да почнат директни разговори за надминување на прашањето за името, јавува дописникот на МИА од Вашингтон.
Помошник државниот секретар Мајк Хамер изјави дека САД се надеваат дека решение за спорот може да се најде во краток рок. Тој изјавил дека САД се согласува со генералниот секретар на ОН Бан Ки - мун дека постои потреба одново да се засилат напорите и САД продолжува да ги поддржува активностите на Метју Нимиц и на ОН прашањето за името да се реши на краток рок. Затоа, силно поттикнуваме да има активен ангажман, директно, меѓу Атина и Скопје и се надеваме дека може да се постигне решение за спорот за името, изјави Хамер на прашањето дали САД ја поддржуваат најавата на генералниот секретар на ОН Бан Ки - мун дека ќе побара од грчиот премиер Андонис Самарас да ја прифати македонската покана за разговори на виско ниво.
Во исто време, портпаролот на американскиот Стејт демартмент Викторија Нуланд изјави дека при посетата на заменикот државен секретар Филип Гордон на Атина ќе биде отворено и прашањето за разговорите за спорот за името и грчото учество во овие разговори.
XS
SM
MD
LG