Достапни линкови

Филип Гордон во Атина на разговори и за прашањето за името


Портпарол на американскиот Стејт демартмент Викторија Нуланд на вчерашната среда со новинарите изјави дека при посетата на помошникот државен секретар Филип Гордон на Атина ќе биде отворено и прашањето за Македонија и најновите информации по посетата на генералниот секретар на ОН Бан Ки - мун на Mакедонија, јавува новинската агенција МИА. Нуланд изјави дека заменикот државен секретар Гордон е во Атина каде ќе разговара за целата низа билатерални и регионални прашања, вклучително и економските прашања, а кога се работи за Грција и ова прашање ќе биде поставено. Во најавите на посетата на Гордон на Грција, доминира укажувањето на економските проблеми со кои се соочува земјата.
Неодамна во Вашингтон поранешниот висок функционер на Стејт департментот Курт Волкер предупреди дека Грција во август нема да биде во состојба да продолжи да го сервисира својот долг. Волкер тогаш оцени дека економската криза во земјата го оневозможува решавањето на други прашања како што е спрот со името.
XS
SM
MD
LG