Достапни линкови

logo-print

Битките во Сирија за Алепо продолжуваат


САД соопшти дека најверојатно воените сили лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад биле „наредени во линија“ за масакарот во Алепо. Стејт департментот соопшти дека според информациите што ги има од веродостојни извештаи, колони од тенкови се движат кон градот и тоа претставува сериозна ескалација на владините напори да го задушат востанието против Асад.
Според извештаите на активисти во градот вчера загинале над 30 луѓе при нападите извршени од артилерија и хеликоптери.
Дипломатските обиди да се запре насилството во Сирија, пропаднаа а членовите во Советот за безбедност во Обединатите Нации и понатаму се поделени по ова прашање.
XS
SM
MD
LG