Достапни линкови

Мит Ромни на средба со Камерун


Американскиот претседателски кандидат Мит Ромни се сретна вчера во Лондон со британскиот премиер Дејвид Камерун на почетокот на неговата турнеа. По средбата со Камерун, Ромни изјави дека сo британскиот премиер разговарале за состојбите во Сирија, Либија, Пакистан и други земји, без при тоа да соопшти детали од разговорот. Ромни со новата турнеа се обидува да добие и надворешна поддршка за неговата кандидатура. Тој при неговата посета во Лондон ќе присуствува на свеченото отварање на Олипмиските игри а потоа го продолжува своето патување кон Израел и Полска.
XS
SM
MD
LG