Достапни линкови

Србите блокираа пат кај Јариње во Косово


Повеќе десетици граѓани на општината Лепосавиќ го блокираа денеска попладне магистралниот пат за товарен сообраќај во меѓузоната меѓу Рударе, на правецот кон централна Србија и преминот Јариње.

Жителите на Лесопавиќ и Лешок на тој начин сакаат да го спречат минувањето на товарни возила, кои превезуваат комерцијална стока преку преминот Јариње во царинскиот терминал во јужниот дел на Косовска Митровица.

Претседателот на општината Лепосавиќ, Драгиша Васиќ изјави дека тоа е практично реакција на настојувањата на Приштина да ги инсталира косовските институции на премините со централна Србија.

Според него граѓаните на мирен начин го искажуваат несогласувањето со намерите на Приштина да се заокружи независноста со интеграцијата на северниот дел на Косово.

Изминатите 48 часа е зголемен товарниот сообраќај преку овој премин, а магистралниот пат е прооден за патнички возила.
XS
SM
MD
LG