Достапни линкови

Марама и џудо не идат заедно


Натпреварувачката од Саудиска Арабија и нејзиниот татко на аеродромот во Лондон.
Натпреварувачката од Саудиска Арабија и нејзиниот татко на аеродромот во Лондон.

Војдан Али Серај Абдулахим Шаркани од Саудиска Арабија не може да се натпреварува на Олимпијадата со марама на главата од безбедносни причини, бидејќи може да се загуши.

Меѓународната џудо федерација денеска соопшти дека единствената натпреварувачка од Саудиска Арабија не може да се натпреварува со марама, како што претходно беше предвидено. Преседателот на ова федерација Мариус Визер рече дека таква одлука е донесена во склад со начелата и духот на џудото.

Војдан Али Серај Абдулахим Шаркани не може да се натпреварува со марама на главата од безбедносни причини, бидејќи може да се загуши. Ако оваа одлука остане на сила сериозно ќе биде доведено во прашање учеството на Шаркани на Олимписките игри. Лидерите на Саудиска Арабија се согласија да испратат жена на Олимписките игри за првпат во својата историја, но под услов да може да носи соодветна облека за муслиманските жени, што вклучува и марама.
XS
SM
MD
LG