Достапни линкови

Дејвид Камерон-Безбедноста на Олимпијадата е топ приоритет


Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека мерките за заштита на Олимписките игри е најголемата безбедносна операција во мирнодопската историја на Велика Британија. Тој изјави дека полицијата и безбедносните сили не оставаат ништо на случајност со цел да им гарантираат безбедност на луѓето на Олимпијадата.

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека лондонската Олимпијада е „најголемата безбедносна операција, што е изведена во Велика Британијa во мирновременски услови“.
Наша цел е сите луѓе што се дојдени овде за Игрите, да бидат максимално безбедни.

На прес-конференција, што се оддржа во Олимпискиот Парк, Камерон рече дека низа безбедносни служби кои се вклучени во обезбедувањето на Олимпиjадата, се ангажирани 24 часи и така ќе работат се до завршувањето на Игрите. Тој вели дека ништо не може да се гарантира, но изрази уверување дека британските организатори се подготвени за одржувањето на една мирна и безбедна Олимпијада.
Олимпијадата е најголемата прослава на спортот во светот, што се оддржува секои четири години, па светот сега ќе може да види што Велика Британија може да направи.

„Наша цел е сите луѓе што се дојдени овде за Игрите, да бидат максимално безбедни, рече британскиот премиер.

Во кусото обраќање, Камерон истакна дека седум години траеше битката на Велика Британија да се подготви за овие Игри и на крајот успеа да ги заврши на време и во рамките на предвидениот буџет.

„Олимпијадата е најголемата прослава на спортот во светот, што се оддржува секои четири години, па светот сега ќе може да види што Велика Британија може да направи.“

Камерон изрази жалење за синоќешниот скандал со знамето на Северна Кореја, пред квалификациониот фудбалски натревар во Глазгов, кога пред фудбалерките од оваа земја стоеше знамето на Јужна Кореја.

„Ова не требаше да се случи, но станува збор само за грешка и за ништо друго, рече Камерон.

Тој соопшти дека ќе присуствува на пригодната комеморација по повод 40-годишнината од терористчкиот напад за време на Олимпијадата во Минхен во 1972 година, кога беа убиени 11 израелски спортисти и тренери.

Камерон го пофали решението комеморација да се организира и во Олимпиското село, истакнувајќи го како добро одлука. Меѓународниот олимписки комитет преходно реши да нема едноминутно молчење за жртвите од Минхен за време на свеченото отворање на лондонската Олимпијада.

Дејвид Камерон го посети Олимпискиот Парк, по отворањето на првата од вкупно 20-те бизнис конференции, што ги организира Владата за време на Олимписките Игри со цел привлекување инвестиции во британската економија
XS
SM
MD
LG