Достапни линкови

Европската централна банка вети безусловна поддршка за еврото


Шефот на Европската централна банка Марио Драги вети безусловна поддршка за еврото. Тој денеска изјави дека Банката е подготвена да стори се што е потребно за да се зачува еврото.
„И верувајте ми тоа ќе биде доволно“, изјави тој.

Шефот на Европската централна банка не кажа како би го направиле тоа, но рече дека под надлежност на Банката спаѓа да се држи државниот долг подалеку од ризици бидејќи тие го попречуваат функционирањето на монетарната политика. Изјавата на Марио Драги веднаш предизвика раздвижување на светските берзи.
XS
SM
MD
LG