Достапни линкови

logo-print

Јапонките веќе не се најдолговечните жени во светот


Јапонките веќе не се најдолговечните жени во светот, соопшти Министерството за здравство на Јапонија. Поради земјотресот и цунамитo од минатата година жените од Јапонија го изгубија приматот најголговечни, велат од Министерството. Сега на врвот на траeње на животниот век се жените од Хонг Конг каде просекот е 86,7 години. Во извештајот на Министеството се вели дека во 2011 животниот век на Јапонкитe изнесувал во просек 85,9, а во 2010 тој просек бил 86,3 години. Паѓа просекот и на животниот век на мажите во Јапонија, од 79,5 на 79,4 години. Во извештајот се вели и дека зголемувањето на самоубиствата исто така придонело за падот на долговечноста.
XS
SM
MD
LG