Достапни линкови

Топ тема во дневниот печат - Посетата на Бан Ки-мун


Средба на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов во Охрид.

Средба на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов во Охрид.

Пораките на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун за спорот за името се најдоа на насловните страници на речиси сите дневни весници.

Пожарот кај Струмица, посетата на Бан Ки-мун и на Нимиц на Македонија, поскапувањето на струјата и на парното, новото обвинение против Бошкоски... Кој како гледа на нештата, ќе ги реди по важност и вестите.
Бан Ки-мун нема проблем со името Македонија.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун се сретна со премиерот Никола Груевски во Скопје.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун се сретна со премиерот Никола Груевски во Скопје.

Како и да е, „ОН бараат активирање на преговорите за името“, насловува Дневник; „Ако Грција не сака компромис, деблокадата на спорот за името ќе се води прегу Хаг“, пишува Вечер; „Бан Ки-мун нема проблем со името Македонија“, лаконски забележува Утрински, а дневниот Фокус излегува со тврдење: „Бан Ки-мун го враќа во оптек предлогот Македониџа“.
Бан Ки-мун го враќа во оптек предлогот Македониџа.

Кога сме кај надворешната политика, Утрински ја објавува изјавата на Филе дека не е негова идејата за таканаречен балкански Бенелукс, а дневниот Фокус загатливо прашува: „Што му ветил Груевски на Филе?“.

Случај Љубе Бошкоски. Исто така дневниот Фокус пишува дека на Бошкоски му се заканува казна од доживотен затвор поради новото обвинение дека учествувал во убиството на Тушевски пред 11 години; Дневник насловува: „Срби пукале, Бошкоски знаел, полицајци молчеле“; Нова Македонија информира: „Бошкоски и полицајци на распит за убиство од пред 11 години“;

Утрински објавува анализа под наслов: „Популизмот стана најсилно политичко оружје - како Груевски стана возач на автобус, а потпретседателката на СДСМ го нанижа неготинскиот тутун“.

Кога сме кај предизборието, Дневник информира дека „Партиите се подновуваат со нашинци од дијаспората - Груевски ги активира задграничните комитети со што ќе добие уште околу 2.000 нови гласови“.

Утрински и Дневник го објавуваат демантот на Црвенковски за обвинувањата во владините реклами низ медиумите дека шверцувал нафта во 90-тите: „Тие се седма година на власт, ако имаат доказ за криминал треба да поднесат кривична пријава, тоа е црна измислена кампања“ - рекол Црвенковски на митингот во Неготино.
Дневник и Вечер ги објавија обвинувањата од опозициската СДСМ дека „Почна интернет-лустрацијата, најголемото реално шоу во Македонија“.

Сите медиуми објавуваат дека новите цени на струјата од август ќе бидат за 10 отсто повисоки, а на парното за 3 отсто, а Вечер информира за канадската инвестиција со која се планира вадење злато и бакар во Иловица.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG