Достапни линкови

Пакистан привремено ја затвори територијата за потребите на НАТО


Пакистан денeска привремено ја суспендира рутата за снабдување на НАТО за нивните потреби во Авганистан. Рутата во северно-западнот регион е привремено затворена од безбедносни причини. Властите во регинот Кибер соопштија дека добиле информации за можни самоубиствени напади и затоа го запреле сообраќајот на конвоите во таа област. Пред два дена Талибанци нападнаа конвој на НАТО во истиот регион и убија еден човек. Властите рекоа дека суспензијата наскоро ќе прекине, но не прецизираа кога. Пакистан повторно ја отвори својата територија за потребите на НАТО на 3 јули, по неколкумесечен преќин. Прекинот уследи откако во воздушни напади на американските сили загинаа 24 пакистански војници.
XS
SM
MD
LG