Достапни линкови

И „тројката“ и Грција бараат решение за кризата


И Грција и нејзините кредитори сакаат да пронајдат најдобри решенија за да може Атина да добие од заемите кои се од витално значење за нејзината економија, велат од грчкото Министерство за финансии. Претставници на ЕУ, Меѓународниот монетарен фонд и на Европската централна банка денеска два часа разговарале со грчките власти. Главна тема на разговорите меѓу „тројката“ и Грција е напредокот во спроведување на мерките за штедење, кои Грција мора да ги спроведе за да ја добие следната транша од помошта. Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска попладне треба да се сретне со премиерот Андонис Самарас.
XS
SM
MD
LG