Достапни линкови

Затворена лековитата Кумановска Бања


Кумановска Бања денес.
Кумановска Бања денес.

Кумановска Бања, лоцирана во месноста Вруќа Вода, во селото Проевце на само три километри од градот, беше дел од претпријатието „Бисерка“ од Куманово, кое низа години е во стечај.

„Бањата не работи“ стои натписот над шалтерот на Кумановска Бања, каде што голем број заинтересирани граѓани, не само од Куманово, туку и од другите градови во земјава пристигнуваат и бараат одговор. Стојат пред заклучената врата, прашуваат случајни минувачи кои само претпоставуваат, а потоа за утеха, во вирот пред едната од двете чешми за полнење вода се мијат, ги ставаат нозете и заминуваат.
Досега не е отворена. Не знам. Дали е со тие акции што не се платени или од УЈП. Кога бањата не работи гости нема. Минатата година работеше, а сега што е работата не знам.
Анкетиран граѓанин.

Кумановска Бања, лоцирана во месноста Вруќа Вода, во селото Проевце на само три километри од градот, беше дел од претпријатието „Бисерка“ од Куманово. „Бисерка“ низа години е во стечај, па и сопственикот на овој лековит термален извор е непознат. Кумановци се разочарани затоа што бањата е препуштена на пропаѓање.
Кумановска бања, архивска фотографија.
Кумановска бања, архивска фотографија.

„Досега не е отворена. Не знам. Дали е со тие акции што не се платени или од УЈП. Кога бањата не работи гости нема. Минатата година работеше, а сега што е работата не знам.“
Минатата година работеа на диво. Кога нема инспекција работат. Луѓето доаѓаат од Штип, од Кочани, од Србија и велат дека оваа вода никаде ја нема. Поевтино е, некогаш ние одевме таму, сега тие доаѓаат тука.
Анкетиран граѓанин.

РСЕ: Зошто не работи?

„Бисерка“ е во стечај. Треба да работи, срамота е што не работи. Во Србија колку бањи има, сите работат, ние една бања не можеме да одржиме. Штета е што не работи. Подобро некој да ја земе за да работи. Странец, наш, кој било, само да работи.“

„Сега е приватна и не работи, кога беше државна работеше.“

„Не работи за да некој ја упропасти, а потоа за малку пари ја продадат. Жално.“

„Бањата не работи зашто има многу газди. „Бисерка“ е под стечај, има многу газди, не се знае кој е сопственикот и не можат да се договорат кој да го собира кајмакот.“

„Минатата година работеа на диво. Кога нема инспекција работат. Луѓето доаѓаат од Штип, од Кочани, од Србија и велат дека оваа вода никаде ја нема. Поевтино е, некогаш ние одевме таму, сега тие доаѓаат тука.“

Кумановска Бања во која секоја летна сезона се лекуваа и се релаксираа дури и гастербајтери, пред четири децении интернистот, д-р Бранко Јовановски запишал дека по хемиски состав е идентична со Врњачка и Буковичка Бања во Србија, со Бањата Виши во Франција, со изворите Вилдунген и Маријанске Лазне во Република Чешка. Според некои анализи, оваа бања е дури и подобра од нив, односно ги нема недостатоците кои тие ги имаат. Лековита е за нервен систем и системот за варење. Полезна е за гастрит, чир на дванаестпалачно црево, за прележан хепатит, хронично воспаление на дебелото црево и полесни форми на шеќерната болест, за мочните патишта и мочниот меур, за бубрезите, за неврози, несоници, психички и нервни исцрпености, гинеколошки проблеми, за егземите и разните дерматити. Но, поради својството за обновување на ткивото, таа се смета и дека подмладува, запишал д-р Јовановски. Препорачлива е и за стоматолошките проблеми, особено поради присуството на флуорот.

Како и да е, во транзицијата сè се гледа низ призма на бизнис. И тоа краткорочен, со заработувачка на брзина. Дали и Кумановска Бања ќе ја снајде истата судбина како и многу запустени претпријатија и државни објекти или на некој во државава сепак ќе му падне на ум дека лекот е покрај нас, малку чини, но ние не сакаме да го видиме.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG