Достапни линкови

Северна Кореја доби извинување од организаторите на ОИ


Од меѓународниот олимписки Комитет на Северна Кореја побараа од организаторите на Олимписките игри во Лондон во иднина да не го заменуваат нивното знаме со она на Јужна Кореја. Од Комитетот велат дека се разочарани што наместо нивното знаме, на големиот екран пред натпреварот меѓу женските фудбалски репрезентации на Северна Кореја и Колумбија, било ставено знамето на Јужна Кореја. Организаторите на ОИ се извинија, а претседателот на Олимпискиоt комитет Жак Рог рече дека „несреќниот инцидент “ е човечка грешка.
XS
SM
MD
LG