Достапни линкови

Во Македонија нема случаи на западно-нилска треска или маларија


Во Македонија нема регистрирано случаи на западно-нилска треска или на маларија, освен по еден до два случаи на маларија во текот на годината увезени од надвор, изјави доктор Јованка Костовска.
Македонија кон крајот на месец март донесе посебен Акциски план за превенција од вектор-преносливи болести предизвикани од каснување од комарци и крлежи.
Во Грција веќе има случаи на маларија и на западно-нилска треска, и можно e да се појават и во Македонија, како што имаше некои случаи и лани, вели Костовска.
За да се заштитат луѓето од каснување од комарци во дворовите не треба да дозволат да има застоена вода, редовно да ги чистат олуците на куќите, да поставуваат заштитни мрежи на вратите и прозорците, да се мачкаат со заштитни средства и да поставуваат специјални свеќи во дворовите кои штитат од комарци.
За да се заштитат од крлежи, луѓето кога одат на отворени површини, по шуми и ливади да носат соодветна облека која ќе остава што помалку откриени делови од телото.
Лицата каснати од комарци и крлежи доколку по една или две недели добијат висока температура, треска и исип по телото, превентивно треба да се јават на лекар, изјави Костовска.
XS
SM
MD
LG