Достапни линкови

Претседателот Иванов на отварање на Олимпијадата во Лондон


Во пресрет на отворањето на ЛОИ „Лондон 2012”, претседателот Иванов попладнево ќе го посети Олимпиското село, каде што ќе оствари средба со македонските олимпијци и ќе присуствува на церемонијата на подигнување на македонското знаме.

Претседателот Ѓорге Иванов, од денеска до 28 јули ќе престојува во работна посета на Лондон, по повод свеченото отворање на 30-тите Летни олимписки игри, информираат од неговиот Кабинет.

„ Во пресрет на отворањето на ЛОИ „Лондон 2012”, претседателот Иванов попладнево ќе го посети Олимпиското село, каде што ќе оствари средба со македонските олимпијци и ќе присуствува на церемонијата на подигнување на македонското знаме. Во рамки на посетата, македонскиот претседател вечерва ќе оствари средба со претставници на македонската дијаспора, се вели во соопштението од Кабинетот на Иванов.

На покана на кралицата Елизабета II, претседателот Иванов утре ќе присуствува на приемот во Бакингемската палата што го приредува Кралицата, а на кој шефовите на држави и влади ќе ги пречека премиерот на Обединетото Кралство, Дејвид Камерон. Претседателот Ѓорге Иванов ќе присуствува на свеченото отворање на Летните олимписки игри во Лондон што почнуваат на 27 јули.

Претседателот Иванов е еден од најавените 120 претседатели на држави и влади, монарси и високи членови на кралските семејства од целиот свет кои ќе допатуваат во британскиот главен град за да ги поздрават спортистите од 204 земји колку што ќе се натпреваруваат на ЛОИ.

Листата на свечените гости се уште не е комплетирана, но засега се знае дека нема да допатува американскиот претседател Барак Обама, туку само неговата сопруга Мишел. Не се знае кој ќе дојде од Кина, домаќинот на претходната Олимпијада пред четири години.

Отсуството на претседателот Обама се објаснува со неговата зафатеност со изборната кампања во САД за изборите во ноември, но на отворањето на ЛОИ ќе дојдат канцеларот на Германија, како и премиерите на Русија и Јапонија.

При неодамнешната посета на Лондон, францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека ќе дојде во Лондон на Олимпијадата, но не на свеченото отворање, а такво навестување е дадено и од Москва, за рускиот претседател Владимир Путин.

XS
SM
MD
LG