Достапни линкови

Уште двајца упасени за учество во анти-Путин протестите


Руската полиција уапсила уште двајца опозициски активисти во врска со насилството што избувна на демонстрантите на опозицијата во почетокот на мај. Портпаролот на истражувачкиот комитет на Русија соопшти дека денеска се уапсени Николај Кавказски и Алексеј Поликвоич кои се во притвор и ќе треба да се соочат со обвинувањата дека учествувале во немирите. Полицијата извршила претсес во домовите на притворените, ги запленила нивните компјутери и облеката каја ја носеле на денот на протестите. Четиринаесет други активисти веќе се соочува со обвиненија за нивната улога во демонстрациите. На 6 мај во пресрет на инаугурацијата на Владимир Путин за претседател, се одржаа протести кои потоа завршија со судир со полицијата. Тогаш повеќе од 400 луѓе беа уапсени.
XS
SM
MD
LG