Достапни линкови

Нимиц -Грција ќе посвети внимание на спорот за името


По средбата во Солун со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис, посредникот Метју Нимиц изjави дека добил уверување од Василакис дека на прашањето за името ќе му се посвети внимание и во нивата влада. Грчкиот преговарач рекол дека грчката влада сака да се најде решение, но дека изјавите во Скопје не помагаат да се оди во тој правец.
Специјалниот претставник на ОН за името во Солун отиде по посетата на Македонија и средбата со македонскиот државен врв. Бан Ки Mун го испрати со порака да се забрза решавањето на спорот. Како што изјавил Нимиц по средбата, ова е сериозно прашање за стабилноста на регионот, но дека од двете страни добил уверување дека сакаат да го решат проблемот.
Василакис изјавил дека не треба да посоти сомнеж дека новата влада на Самарас сака решение.
XS
SM
MD
LG