Достапни линкови

Меѓународните инспектори на нова рунда разговори во Атина


12

12

Меѓународните инспектори денеска во Атина почанаа нова рунда разговори со грчките власти за мерките за штедење. Инспекцискиот тим кој се состои од претставници на Европската унија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка се обидува да утврдат дали Грција ги имплементирала доволно мерките за да може да и одобрат следна трашна од пакетот помош. Овие три институции се најголемите кредитори на Грција. Европската комисија соопшти дека финансиските потреби на Грција ќе бидат исполнети во август, но одлука за дополнително плаќање ќе треба да се направи на почетокот на септември. Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, исто така е во Атина на разговори со грчките власти.
XS
SM
MD
LG