Достапни линкови

Двајца од секои пет вработени се жртви на мобинг


Илустрација.
Илустрација.

Синдикатот предлага Закон за мобинг, зашто смета дека постојното решение во Законот за работни односи не се применува во пракса.

Со законот за мобинг ќе се обезбедат здрави и безбедни услови за работа, велат од ССМ, кои до владата и до Економско-социјалниот совет предложија ново законско решение, бидејќи постојното во Законот за работни односи не се применува во пракса. Нивното истражување покажало дека околу 38 отсто од анкетираните се пожалиле на психичко малтретирање на работното место.
Значи предложивме и постапка за разлика од порано кога немаше, каде што се обезбедува еден максимален дополнителен пристап и на судовите во водењето на постапката и мислам дека тој е начинот каде преку обезбедена постапка ќе бидат поохрабрени и синдикалците. Се разбира дека тука, преку оваа наша активност ја охрабруваме и воопшто целокупната општествена заедница да се занимава малку посериозно со овој проблем.
Живко Митревски, претседател на ССМ.

Претседателот на ССМ Живко Митревски вели дека е присутен стравот кај вработените да го пријават мобингот за да не го загубат работното место, но со новите измени тоа ќе се промени.
Живко Митревски, претседател на ССМ.
Живко Митревски, претседател на ССМ.

„Значи предложивме и постапка за разлика од порано кога немаше, каде што се обезбедува еден максимален дополнителен пристап и на судовите во водењето на постапката и мислам дека тој е начинот каде преку обезбедена постапка ќе бидат поохрабрени и синдикалците. Се разбира дека тука, преку оваа наша активност ја охрабруваме и воопшто целокупната општествена заедница да се занимава малку посериозно со овој проблем.“

Милан Петковски од Здружението за заштита при работа вели дека ја поддржуваат секоја иницијатива со која се уредуваат односите од работната сфера. Но, според него, за да успее Законот потребни се конкретни параметри со кои точно ќе се дефинира што претставува мобингот.

„Концептот на мобирање подразбира субјективно гледање на одредени влијанија од работната средина. Не само работодавачот може да биде тој што мобира, туку и самите вработени меѓу себе може да го вршат овој чин, значи може одредена група да маргинализира одреден член во работниот процес, еден колега да мобира друг итн.“

Петковски додава дека без тие параметри тешко ќе може да се докаже делото.

„Сето тоа за да биде јасно докажливо потребни се одредени параметри, потребни се одредени факти кои судот како единствен кој може да донесува пресуди ќе се најде во позиција да едноставно некому не згреши. Доколку е во такви тешки докажливи ситуации, мислам дека единствен спас е во јасно дефинирани параметри.“

Од ССМ побраа и формирање посебно тело кое ќе ги следи постапките за мобинг и казни од 5000 до 7000 евра.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG