Достапни линкови

Иран: Израел стои зад нападот во Бургас


Совет за безбедност на Обединетите нации

Совет за безбедност на Обединетите нации

На седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации за Блискиот Исток, иранскиот амбасадор Мохамед Казаи го обвини Израел дека сам ги нападнал сопствените граѓани во Бугарија. Тој притоа како неосновани ги отфрли тврдењата на Тел Авив дека бомбашкиот напад врз израелските туристи во Бургас бил поддржан од Иран. Израелскиот заменик амбасадор во Њујорк Хаим Ваксман оцени дека ваквите наводи не зачудуваат со оглед на тоа што доаѓа од истата влада која терористичките напади на 11 септември 2001 година врз САД ги поврзува со терориите на заговор.
XS
SM
MD
LG