Достапни линкови

Двајца сиријски дипломати се повлекоа од функциите


Соединетите американски држави потврдија дека уште двајца сиријски дипломати отстапиле од функциите, во услови на нови судири меѓу про- владините сили и бунтовниците во сиријскиот град Алепо. Сиријските претставници во Емиратите и Кипар пребегале во Катар. Портпарол на Белата куќа во Вашингтон изјави дека одлуката на дипломатите се должи на сознанието дека на сиријскиот претседател Башар Ал Асад му се броени деновите.
XS
SM
MD
LG