Достапни линкови

Бан Ки Мун повика балканските држави да се свртат кон иднината


Бан Ки Мун na средба со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун денеска од Сараево ги повика балканските држави да се свртат кон иднината. Тој од Скопје отпатува во дводневна посета на БиХ. По доаѓањето имаше средба со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина. По средбите Бан Ки Мун изјави дека балканските земји брзо напредуваат кон евро-атланската интеграција и дека ниту една не смее да дозволи да заостане на тој пат. Што се однесува на БиХ, тој рече дека земјата прави значајни чекори напред и дека по војната повторно се гради оштеството, но дека демократската транзиција секогаш е тешка. По денешните средби со државниот врв и по обраќањето во Парламентот, утре генералниот секретар на ОН ќе ги посети Сребреница и Меморијалниот центар Поточари. Со посетата на БиХ, Бан Ки Мун ја завршува балканската турнеја.
XS
SM
MD
LG