Достапни линкови

logo-print

Ламбринидис нов специјален претставник на ЕУ за човекови права.


Ставрос Ламбринидис со Хилари Клинтон.

Ставрос Ламбринидис со Хилари Клинтон.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, го именуваше поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Ставрос Ламбринидис, за специјален претставник на ЕУ за човекови права. Ламбинидис уверува дека ќе вложи максимални напори за политиката на ЕУ за човековите права да добие „видливост и ефикасност“. Во конкуренција за позицијата специјален претставник на ЕУ за човекови права беа и францускиот амбасадор за човекови права Франсоа Зимереј и поранешниот фински министер за европски прашања Астрид Торс.
XS
SM
MD
LG