Достапни линкови

logo-print

Во ОН привршуваат преговорите за законот за оружје


Денeска е последниот ден од преговорите за законот за трговија со оружје, кои се вoдат во седиштето на ОН. Официјален претставник на невладината организација за контрола на оружјето, изјави дека финалниот нацрт на договорот, најверојатно, ќе се проследи вечерва, за да можат земјите членки да се консултираат со нивните власти и за договорот да се гласи во петок. Цела недела се водат преговори за да се испеглаат разликите на првиот обврзувачки договор за глобална трговија со оружје. Првиот нацрт договорот објавен од невладините организации беше критикуван од страна на Агенцијата за контрола на оружје, од Амнести интернешнл и од Меѓународниот комитет за Црвен крст како премногу амбициозен и со слабости.
XS
SM
MD
LG