Достапни линкови

Средба Попоски- Бан Ки Мун


Министерот за надворешни работи Никола Попоски и генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун на денешната средба во Скопје разговарале за голем број актуелни прашања од агендата на ОН како и за состојбите во Македонија, соопштуваат од македонското МНР.

Министерот Попоски го информирал Бан Ки Мун за постигањата на Македонија од својата независност и во текот на 19-годишното членство во ОН, пред се, во изградбата на мултиетничка функционална демократија, градењето добрососедски односи и придонесот кон регионалниот развој и соработка.
На средбата присуствувал и специјалниот претставник на Генералниот секретар за спорот со името со Грција Метју Нимиц. Тие размениле мислења за изнаоѓање начин за интензивирање на разговорите под покровителство на ОН, со цел што побрзо разрешување на ова прашање.
XS
SM
MD
LG