Достапни линкови

Русија- САД го оправдува тероризмот


Руските власти велат дека тоа што САД не го осуди нападот во Сирија при кој загинаа високи претставници за одбрана, значи дека Вашингтон го оправдува тероризмот. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров се повика на изјавата на портпаролката на Стејт департмент Викторија Нуланд која рече дека таквите напади не се изненадување. Според Лавров ваквите изјави се директно оправдување на тероризмот. Русија стави вето на резолуцијата на ОН за Сирија. Русија ги отфрла обвинувањата дека Москва го поддржува режимот во Дамаск и го обвинува Западот дека тие ги подржуваат бунтовниците кои сакаат да ја соборат претседател Башар ал-Асад.
XS
SM
MD
LG