Достапни линкови

logo-print

ЕУ нема да дозволи колапс на Грција


Жан-Клод Јункер.

Жан-Клод Јункер.

Европската унија нема да ја остави грчката економија да западне во колапс пред крајот на август, соопшти денеска Европската комисија, пренесувајќи ја изјавата на претседателот на Еврогрупата Жан-Клод Јункер, кој најави дека на грчката економија ќе и биде вбризгана финансиска инјекција.

„Тројката во моментов е во Атина каде врши контрола која ќе продолжи до почеток на август, со цел да се испита дали грчката економска програма ги исполнува прогнозите. Во септеври ќе има уште една посета и тогаш ќе се даде целосна оценка за исполнувањето на програмата, истакна прес-службата на Комисијата.
XS
SM
MD
LG