Достапни линкови

logo-print

Басеску сигурен дека ќе се врати на претседателската функција


Суспендираниот претседател на Романија, Трајан Басеску.

Суспендираниот претседател на Романија, Трајан Басеску.

Времено повлечениот претседател на Романија Трајан Басеску изрази увереност дека ќе се врати на функцијата и дека на референдумот на 29 јули ќе биде ставен крај на политичката криза во земјата.
Басеску во изјавата за романската државна телевизија истакна дека е 99 проценти сигурен дека резултатот од реферндумот ќе биде прогласен за неважечки поради мала излезност на гласачите.
Според последните измени на законот, за да бидат признати резултатите од референдумот, во него треба да учествуваат 50 отсто плус еден глас од сите романски граѓани со право на глас.
Според романскиот премиер Виктор Понта, Басеску „нема да биде претседател на Романците, туку на самиот себе си“ доколку резултатот од референдумот биде прогласен за неважечки, а мнозинството од тие што излегле на гласање го поддржат неговото отстранување од функцијата.
Анкетите покажуваат дека повеќето од гласачите се подготвени да гласаат за отстранување на шефот на државата.
XS
SM
MD
LG