Достапни линкови

logo-print

Ден на жалост во Струмица


Повредените во пожарот кај Струмица хоспитализирани во Градската болница во Скопје.

Повредените во пожарот кај Струмица хоспитализирани во Градската болница во Скопје.

Општина Струмица денеска прогласи Ден на жалост за несреќно загинатите Блажо и Пено Стојанови, работници на ЈП „Македонски шуми“ -шумско стопанство „Беласица”, кои настрадаа во гаснењето на пожарот во понеделникот над Струмица.

„Сочувствуваме и ја делиме болката со семејствата на трагично загинатите наши сограѓани, кои и по цена на нивните животи се жртвуваа во гаснењето на огнената стихија. Во истовреме нашите молби се за заздравување на преостанатите тројца наши сограѓани, кои се на лекување во Скопје“, изјави градоначалникот Зоран Заев.

По соопштувањето на трагичната вест, од синоќа, струмичани на плоштадот „Гоце Делчев” палат свеќи за браќата Блажо и Пено Стојанови.

За време на гаснењето на пожарот со изгореници се здобија 14 лица.
XS
SM
MD
LG