Достапни линкови

Македонија може да смета на поддршката на ОН


Обраќање на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во Собранието на Македонија

Обраќање на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во Собранието на Македонија

Императив е да се реши спорот за името и јас сум посветен да помогнам во разрешување на ова прашање, порача генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун пред пратениците во македонското Собрание.

Ваша цел е да се приклучите кон ЕУ и НАТО но знам и дека имате пречка во тоа. Императив е да се реши спорот за името и јас сум посветен да помогнам во разрешување на ова прашање, порача генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун пред пратениците во македонското Собрание.
Сега ќе го испратам во Атина медијаторот Нимиц за да продолжи со активностите во оваа насока. Можете да сметате на поддршката на ОН, а во исто време апелирам до сите релевантни фактори во државата да бидат обединети и посветени за да се реши прашањето, двете страни и Македонија и Грција треба да демонстиртаат посветеност преку позитивна атмосфера и активности.

„Сега ќе го испратам во Атина медијаторот Нимиц за да продолжи со активностите во оваа насока. Можете да сметате на поддршката на ОН, а во исто време апелирам до сите релевантни фактори во државата да бидат обединети и посветени за да се реши прашањето, двете страни и Македонија и Грција треба да демонстиртаат посветеност преку позитивна атмосфера и активности“.

Иако сте млада демократија, вашите достигнувања се препознаени, забележани, рече пред пратениците од републичкотот собрание, генералниот секретар на ОН.

Тој рече дека е охрабрен од тоа дека во Македонија, но и во регионот видел напредок и динамика и поглед кон иднината наместо кон тоа што се случуваше во минатото.

„Македонија наспроти начинот на кој останатите земји од поранешна Југославија го направија тоа, за својата независност се избори избегнувајќи ја војната. Тогаш кога нивните конфликти генерираа тензии, вие одбравте мир, а потоа подадовте рака и кон меѓународната заедница“, рече Бан Ки Мун во своето обраќање.

Тој рече дека забележал напредок во многу области, но, како што додаде, националниот просек ги маскира разликите меѓу сиромашните и богатите, моменталната економска клима ова го прави уште поважно и бара поголема посветеност особено во областите на подобри здравстевни услуги и дискриминација.

Посветивте големо внимание во унапредување на мултиетничкото општество, констатираше Бан Ки Мун.
XS
SM
MD
LG