Достапни линкови

Бан Ки Мун ќе го забрзува решавањето на спорот за името


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов во Охрид, Македонија.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов во Охрид, Македонија.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун најави дека лично ќе се заложи кај грчките власти за забрзување на процесот за решавање на прашањето за името.

Ќе вложиме максимални напори да разговараме со грчките власти. Обединетите Нации ќе сторат се што е во нивна моќ да го олеснат процесот за решавање на спорот со името, порача генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Првиот човек на Обединетите Нации изјави дека ќе се ангажира и за почитување на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
Ќе вложиме максимални напори да разговараме со грчките власти. Веднаш по посетата, ќе го испратам својот специјален претставник Метју Нимиц во Грција за да објасни што разговаравме овде. Јас лично ќе се обидам да го исконтактирам премиерот Самарас за да помогнам во забрзувањето на тој процес.

„Ќе вложиме максимални напори да разговараме со грчките власти. Веднаш по посетата, ќе го испратам својот специјален претставник Метју Нимиц во Грција за да објасни што разговаравме овде. Јас лично ќе се обидам да го исконтактирам премиерот Самарас за да помогнам во забрзувањето на тој процес. Жално е што две соседни земји не успеаја целосно да ги искористат своите потенцијали за регионална соработка, помирување и развој. ОН ќе сторат се што е во нивна моќ да го олеснат тој процес. Се работи за долготраен проблем. Свесни за пресудата на Меѓународниот суд на правдата, ќе ги земеме предвид сите аспекти“, изјави Бан Ки-Мун.

Претседателот Иванов потврди дека на средбата биле отворени прашања за спроведување на Временската спогодба со Грција и пресудата од Хаг.
Апелирам и тоа му го укажав на генералниот секретар да побара од другата страна да покаже почит кон пресудата на Меѓународниот суд и на Времената спогодба која доброволно ја потпиша во 1995 година.

„Апелирам и тоа му го укажав на генералниот секретар да побара од другата страна да покаже почит кон пресудата на Меѓународниот суд и на Времената спогодба која доброволно ја потпиша во 1995 година“, изјави македонскиот претседател.

Македонскиот идентитет, македонскиот јазик се реалност и нема да прифатиме тие да бидат предмет на ниту едни разговори со нашиот јужен сосед, порача Иванов.

„Затоа го чекаме нашиот јужен сосед на преговарачка маса. Како и многупати досега сме подготвени за нови иницијативи, за соработка, но со овие искажани предуслови“, рече Иванов.

Заедно со генералниот секретар во Македонија е и медијаторот Метју Нимиц. Претседателот Иванов на средбата со Нимиц ја потврдил македонската државна позиција за спорот и посветеноста за изнаоѓање заедничко прифатливо решение за разликите околу името.

Иванов му пренел на медијаторот Нимиц дека досега неколкупати го има покането Папуљас на средба, но дека нема одговор од грчкиот претседател.
Иванов му се заблагодарил на посредникот за досегашниот ангажман и посветеноста на ОН за ова прашање.

Инаку на вчерашната средба со претставници на Школата за млади лидери, генералниот секретар Бан Ки-мун рече дека како млад учел за Македонија, а не за „Маседониа“.

„Уште како млад студент во Кореја учев Македонија. Кога дојдов во САД и во Обединетите нации, повеќето од луѓето ми велеа Маcедониа и од тогаш велев Маседониа. Оваа вечер претседателот Иванов ме потсети на нешто што одамна го имав научено – Македонија“, рече генералниот секретар на Обединетите нации во вилата Билјана во Охрид.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG