Достапни линкови

Борисов: Напаѓачот од Бургас во Бугарија влегол од земја на Шенген зоната


Бомбашот самоубиец, кој во Бургас уби петмина израелски туристи , веројатно во Бугарија влегол од некоја држава на ЕУ која се наоѓа во безвизната Шенген зона, изјави синоќа бугарскиот премиер Бојко Борисов.
- „Ова е трагата што со неколку други партнери од ЕУ во моментов ја истражуваме“, изјави Борисов на прес конференција по разговорот со Џорџ Бренан, советник за внатрешна безбедност и контратероризам на американскиот претседател Барак Обама.
Борисов изјави дека бомбашот и неговите помагачи биле „исклучително искусни“. Тие се осомничени за нападот во кој во средата во автобус на аеродромот во Бургас загинаа петмина израелски туристи, бугарскиот возач на автобусот и напаѓачот.
XS
SM
MD
LG