Достапни линкови

Средба на министерот Попоски со кипарскиот министер за надворешни работи Маркулис


Во Брисел, по повод Деветтиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и Европската унија, Министерот за надворешни работи Никола Попоски вчера попладнето се сретна со Министерот за надворешни работи на Република Кипар, Ерато Козаку Маркулис. Акцентот на разговорите беше ставен на Кипарското Претседателство со Советот на ЕУ и перспективите на интеграцијата на Македонија во ЕУ. Министерот Маркулис ја реафирмираше посветеноста на Претседателството за придвижување на процесот на проширување на Европската унија врз основа на индивидуалните заслуги во исполнувањето на критериумите за членство. Приоритетна цел на Претседателството е земјите аспиранти за членство во Унијата, вклучително и Република Македонија, да остварат напредок во интеграцијата во ЕУ врз основа на овие принципи, истакна министерката Маркулис.
XS
SM
MD
LG