Достапни линкови

logo-print

Британија ќе распореди дополнителни 1200 војници на Олимписките игри



Британската влада објави дека планира да распореди 1200 трупи повеќе за обезбедување на Олимписките игри во Лондон.Џерами Хант министерот кој е одговорен за Игрите изјави дека распоредувањето не е поврзано со никаква закана. Новото распоредување ќе донесе околу 20 000 британски војници колку што вкупно ќе учествуваат во заштита на Олимписките игри,кои официјално почнуваат на 27 јули,во главниот град на Британија.Претходно се планираше да бидат распоредени 18 200 војници.
XS
SM
MD
LG