Достапни линкови

logo-print

Бан Ки Мун ќе го носи Олимпискиот факел


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун ќе го носи Олимпискиот факел на последниот ден од штафетата низ Лондон до стадионот на кој ќе бидат отворени Игрите. Бан в четврток навечер ќе ја преземе штафетата во присуство на претседателот на Меѓународниот Олимписки комитет Жак Рог. ,,Тоа е голема чест за генералниот секретар,, изјави заменик портпаролот на Светската организација Едуардо дел Буеј, наведувајќи дека Бан длабоко верува во значењето на спортот за развојот и мирот во светот. Генералното собрание на Обединетите нации во минатиот октомври усвои резолуција со која како во античко време ги повикува сите земји во светот во текот на Олимписките игри во Лондон ги прекинат непријателствата и да га почитуваат примирјето.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG