Достапни линкови

Најмалку 42 жртви во воената операција во Таџикистан


Властите во Таџикистан соопштија дека дванаесет припадници на владините трупи и 30 милитанти биле убиени во судирите во источниот дел на Таџикистан. Таџикистан покрена воена операција во автономната провинција Горно Бадакшан против групата за која постои сомневање дека била инволвирана во убивањето на генералот Абдуло Назаров. Тој бил убиен во саботата за време на неговата посета во тој регион. Постои сомневање дека зад убиството стоела таканаречената тутунска мафија. При судирите немало цивилни жртви. Вооружената нелегална група борел аоколу 40 милитанти од кои осум авганистански државјани, соопштуваат властите во Таџикистан.
XS
SM
MD
LG