Достапни линкови

logo-print

Самарас- рецесијата може да биде полоша од очекуваното


Грчкиот премиер Антонис Самарас.

Грчкиот премиер Антонис Самарас.

Грчкиот премиер Антонис Самарас денеска изјави дека рецесија во земјата оваа година може да биде многу полоша отколку што се очекуваше, со економски пад за повеќе од седум проценти.

Централната банка на Грција претходно процени дека економијата ќе се намали за 4,5 проценти во 2012 година.

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ќе отпатува за Грција оваа недела за да разговара со Самарас за економската ситуација.

Изјавата на Самарас доаѓа во време кога во Грција се претставниците на Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и Европската комисија. Тие треба да го проценат напредокот на Атина кон намалувањето на огромните долгови за да можат да ја добијат следната транша од 130 милијарди евра пакет помош.
XS
SM
MD
LG