Достапни линкови

Претседателот Иванов ќе оди на отворањето на Олимпијадата во Лондон


Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов ќе присуствува на свеченото отворање на Летните олимписки игри во Лондон што почнуваат на 27 јули.
Претседателот Иванов е еден од најавените 120 претседатели на држави и влади, монарси и високи членови на кралските семејства од целиот свет кои ќе допатуваат во британскиот главен град за да ги поздрават спортистите од 204 земји колку што ќе се натпреваруваат на ЛОИ.

Иванов ќе присуствува не свечениот прием што во чест на државниците во Бакингамската палата ќе го приреди британската кралица Елизабета Втора која во петок вечерта ќе ги отвори Олимписките игри.

Во текот на својот престој во Лондон, шефот на државата ќе ја посети Амбасадата на Македонија каде ќе се сретне со Македонците кои живеат и работат во Велика Британија.

Листата на свечените гости се уште не е комплетирана, но засега се знае дека нема да допатува американскиот претседател Барак Обама, туку само неговата сопруга Мишел. Не се знае кој ќе дојде од Кина, домаќинот на претходната Олимпијада пред четири години.

Отсуството на претседателот Обама се објаснува со неговата зафатеност со изборната кампања во САД за изборите во ноември, но на отворањето на ЛОИ ќе дојдат канцеларот на Германија, како и премиерите на Русија и Јапонија.

При неодамнешната посета на Лондон, францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека ќе дојде во Лондон на Олимпијадата, но не на свеченото отворање, а такво навестување е дадено и од Москва, за рускиот претседател Владимир Путин.
XS
SM
MD
LG