Достапни линкови

Позитивни оценки за Македонија од Брисел


Деветти состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ Брисел, Белгија. Теута Арифи, Никола Попоски.

Деветти состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ Брисел, Белгија. Теута Арифи, Никола Попоски.

На заедничката прес-конференција по Деветти состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и Европската унија, Ерато Козаку-Маркулис министерката на Кипар- земјата претседавач со Советот на Европската унија, посочи дека овие состаноци меѓу ЕУ и Македонија се силна потврда на цврстиот и близок однос на Унијата со Македонија.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе ја истакна важноста од Пристапниот дијалог на високо ниво, посочувајќи го истиот како мост кон пристапните преговори.

„Договорот внесе свежа крв во процесот и се надевам дека ќе донесе уште попозитивни работи. Ние посочивме дека е важна слободата на изразување во медиумите, а чекор напред е договорот меѓу Владата и Здружението на новинарите. Ги поздравивме и реформите на изборнио процес, а ние како Европска комисија го повторивме предлогот за премин на Македонија во втора фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација“, рече Филе.

Министерот Попоски посочи дека во отсуство на пристапни преговори, овој дијалог внесува посебна динамика во евроинтегративниот процес на Република Македонија, додавајќи дека тој сепак не е и не може да биде замена за пристапни преговори и дека нивното започнување останува примарна цел за земјата.

Вицепремиерката Теута Арифи ја истакна важноста од Советот за стабилизација и асоцијација и Пристапниот дијалог на високо ниво, потенцирајќи дека Европската комисија, посебно Директоратот за проширување, играат важна улога во остварувањето на силно партнерство меѓу Македонија и ЕУ.
XS
SM
MD
LG