Достапни линкови

Груевски и Нимиц на работен ручек во Скопје


Премиерот Никола Груевски и посредникот на ОН Метју Нимиц на работен ручек во Скопје.

Премиерот Никола Груевски и посредникот на ОН Метју Нимиц на работен ручек во Скопје.

Премиерот Никола Груевски денеска имаше работен ручек со специјалниот претставник на ОН во грчко-македонските разговори за името Метју Нимиц.

На ручекот присуствуваа и македонскиот преговарач и амбасадор во САД Зоран Јолевски.

Веднаш по ручекот Нимиц замина во Охрид каде што доцна попладне треба да има средба со претседателот Ѓорге Иванов.

Нимиц ќе му се придружи на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун кој вечер на охридскиот аеродром пристигнува во дводневна официјална посета на Македонија.

Посредникот Нимиц од Скопје на 26 јули заминува за Солун каде што треба да се сретне со грчкиот претставник во разговорите за името Адамантиос Василакис.
XS
SM
MD
LG