Достапни линкови

„Еуромакс“ ќе инвестира во рудникот Иловица


Министерот за економија Ваљон Сарачини.

Министерот за економија Ваљон Сарачини.

Канадската компанија „Еуромакс“ во наредните пет години ќе инвестира 500 милиони долари и ќе отвори нови 500 работни места, според договорот за концесија за експлоатација на наоѓалиштето за бакар и злато „Иловица“ кај Струмица. Договорот денеска го потпишаa денеска главниот оперативен директор на компанијата Марк Густафсон и министерот за економија Ваљон Сарачини.

„Изградбата на рудниот за злато и бакар во Иловица ќе значи прилив на свеж капитал од околу 500 милиони долари кои ќе бидат реализирани во текот на наредните пет години заклучно со 2017 година, но и дополнително отворање нови работни места“, рече министерот Сарачини.

Претседателот и главен извршен директор на Еуромакс Стив Шарп рече дека е планирано приоизводството на злато и бакар од рудникот Иловица да почне во средината на 2017 година.

„Потребно ни е тоа време за да се осигура дека овој рудник е изграден врз основа на највисоките еколошки стандари. Златото и бакарот ќе се произведуваат како концентрат и ќе бидат транспортирани до германската компанија Рубикс најверојатно преку железница“, рече Шарп и прецизира дека изградбата на рудникот ќе почне за три години.
XS
SM
MD
LG