Достапни линкови

Одбележана 55 годишнината од смртта на Ченто


Методија Андонов Ченто со група македонски партизани.

Методија Андонов Ченто со група македонски партизани.

Во Прилеп денеска беше одбележана 55 годишнината од смртта на првиот Претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто. Претставници на локалната самоуправа, од политичките партии и граѓани положија цвеќе пред неговиот споменик во центарот на Прилеп.

„Прилеп и Македонија се горди што имаат таков великан, непоколеблив борец за идеите за независна и самостојна Македонија, идеали кои ги следат новите генерации Македонци со новите приоритети: Македонија да биде дел од евроатланските интеграции“, изјави градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески .

Тој нагласи дека годинава се одбележуваат и 110 години од раѓањето на Ченто и по тој повод градот на 17.август ќе одржи свечена академија, а ќе биде подигнат уште еден споменик на плоштадот што го носи неговото име.
XS
SM
MD
LG