Достапни линкови

logo-print

Бан Ки Мун- потребна нормализација на односите Приштина-Белград


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун денеска во Приштина рече дека е потребно косовските власти да ги нормализираат односите со Белград и од сите лидери побарал посветеност на мирот. Тој на прес конференција на аеродромот во Приштина изјави дека од сите лидери во регионот побарал исто да преземат дополнителни чекори за меѓусено разбирање.

„Од косовските лидери и од народот на Косово очекувам силни напори во правец на нормализирање на односите со Белград и искрена посветеност на дијалогот“, рече Бан Ки Мун.
Тој изрази загриженост поради ситацијата на северот од Косово и рече дека ОН ќе продолжат со соработката со сите меѓународни партнери за да се постигнат заедничките цели на Косово. Тој вели дека сите прашања треба да се решат со дијалог.
XS
SM
MD
LG