Достапни линкови

logo-print

Папуљас ги повика Грците да размислат како дошле до ваква состојба


Грчкиот претседател Каролос Папуљас на одбележувањето на 38 годишнината од воспоставувањето на демократијата по седумгодишната воена хунта, ги повика Грците да откријат зошто пост-диктаторската ера, позната како метаполитефси, треба да заврши волку горко.

„Годишнината од воспоставувањето на демократијата ни дава можност да застанеме за момент и да се прашаме како завршивме тука, зошто метаполитефси завршува на ваков трауматичен начин и како можеме да излеземе од овој ќорсокак, изјави грчкиот претседател.
Тој додаде дека одговори постојат, и оти само треба да се пронајдат.
Поради кризата во земјата, Папуљас годинава првпат нема да организира прием по повод годишнината од падот на воената хунта.

Претходно австриската министерка за финансии Марија Фектер рече дека во моментов не се дискутира за излез на Грција од еврозоната. Таа вели дека Европа го чека клучниот извештај за Грција пред да одлучи за следните чекори што ќе се преземат. Иизвештајот на „тројката“ се очекува во септември.
XS
SM
MD
LG