Достапни линкови

Малезиски олимпијци можат да го одложат рамазанскиот пост


Куранот кажува ако се натпреваруваш, можеш да го одложиш постот но после мораш да го надоместиш

Малезиски натпреварувачи ќе можат да го прекршат рамазанскиот пост додека се натпреваруваат на Олимписките игри во Лондон, соопштија официјалните лица на оваа муслиманска земја.
Олимписки игри за прв пат се одржуваат во текот на Рамазан уште од Москва 1980 година.
Во текот на рамазан кој почна минатиот викенд, муслиманите треба да се воздржат од храна, пијалок и секс од утро до мрак кога својот пост го прекинуваат со јадење - ифтар.
Официјалните лица на Националниот совет фатвa, најголема верска инстанца во Mалезија, соопштија дека спортистите можат да го одложат својот пост до после Игрите иако натпреварот на меѓународно случување е во чест на својата земја.
- Тие доаѓаат на Олимписките игри за да донесат слава на својата земја. Можат да постат кога ќе се вратат во Малезија, порача претставник на малезиската држава Перак, Муфти Харусан Закариј.
Куранот кажува ако се натпреваруваш, можеш да го одложиш постот но после мораш да го надоместиш

„Куранот кажува ако се натпреваруваш, можеш да го одложиш постот но после мораш да го надоместиш“

Единаесет од 30 малезиски спортисти во Лондон се муслимани. Меѓу нив е и велосипедистот Азизулхасни Аванг кој во 2009 година освои сребрен медал на светскиот велосипедиски шампионат и кој сега ќе го одложи постот.
Секретарот на Малезискиот олимписки комитет, Сиех Кок Чи исто така смета дека олимписките натпреварувачи не би требало да постат додека се натпреваруваат.

„Тоа им е единствена прилика да учествуваат на игрите. Би требало да се воздржат од постот како би можеле да се натпреваруваат за медал“,

рече тој.

Малезија ќе има претставници и девет спортови во Лондон, а интересно е дека меѓу спортистите е и Нур Сурјани Мохамед Таиби која се натпреварува во стрелање и која ќе учествува на Игрите во Лондон и покрај тоа што е во осми месец од бременоста.

Британскиот таблоид „Дејли мејл“ уште во 2006 година пренесе соопштение на Исламската комисија за човекови права која оцени дека датумот за одржување на Олимписките игри е утврден без обраќање внимание на муслиманите, а Турција, Египет и Мароко барале Игрите да се одложат.
Меѓународниот олимписки комитет ги одби овие барања велејќи дека Игрите се секуларно случување.
Исламски претставници во Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Алжир и Мароко неодамна им дозволија на своите спортисти да го одложат постот и покрај несогласувањата на некои муслимани.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG