Достапни линкови

logo-print

Попоски се сретна со британскиот министер за Европа


Министерот за надворени работи Никола Попоски.

Министерот за надворени работи Никола Попоски.

Надворешно-политичките приоритети на Макеоднија пред се интеграцијата во ЕУ, биле централна тема на разговорите меѓу министерот за надворени работи Никола Попоски и британскиот министер за Европа, Дејвид Лигингтон. По средбта во Европскиот совет, Попоски изјави дека за Македонија е исклучително значајна подршката што Велика Британија во континуитет ја искажува за процесот на проширување на ЕУ. Британскиот министер му пренел на Попоски дека Велика Британија ги поздравува реформите во Македонија и дава голема подршка да се одржуваа таа динамика.

Во Советот на Европската унија се орджува Деветтиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ. На овој состанок, освен министерот за надворешни работи Попоски, од Македонија е најавено учеството и на Теута Арифи, заменик-премиерот задолжен за европски прашања. Попладне Попоски има закажано билатерална средба со министерот за надворешни работи на Кипар, Ерато Козаку-Маркулис
XS
SM
MD
LG