Достапни линкови

logo-print

Грција е на чекор до „социјална експлозија“


Грција е на чекор до „социјална експлозија“, се наведува во истражувањето спроведено од Меѓународната конфедерација на синдикати. Истражувањето покажува дека 91 отсто од вработените во Грција констатирале пад на доходите, седум отсто сметаат дека тие им се на исто ниво, а три отсто се на мислење дека тие им се пораснати, соопштуваат грчките медиуми.

Меѓународната конфедерација на синдикати претставува 175 милиони работници во 153 земји.

Генералната секретарка на конфедерацијата Шарон Бароу ситуацијата на пазарот на трудот во Грција ја оцени како „мрачна“ и инсистира на враќање на основната плата, на почитување на колективните работни договори и на решенијата на социјалните партнери во земјата. Бароу смета дека „тројката’, која од денеска повторно е во Атина за последна оценка на финансиската состојба на Грција, ништо нема разбрано за ситуацијата во Грција, дека единственото што таа досега го проучувала се бројките, и затоа инсистира на промена на рестриктивната политика, која според неа и така не дава резултати.

„Очигледно е дека досега применетите политики не даваат резултати, кога 50 отсто од младите во Грција се невработени и 65 отсто се исправени пред опасноста од сиромаштија, тогаш ММФ и ЕУ треба наново да ги осмислат своите совети“, вели Бароу.
XS
SM
MD
LG