Достапни линкови

Меѓународните кредитори во посета на Грција


Претставници на меѓународните кредитори престојуваат во Грција за да го оценат непредокот на Атина во кратењето на огромниот долг со цел да го добие спасувачкиот пакет. Таканаречената тројка, составена од ММФ, Европската централна банка и Европската комисија мора да донесе одлука дали Грција ќе има право да ја добие следната транша од над 30 милијарди евра, од пакетот кој вреди над 130 милијарди евра. Во меѓувреме, агенцијата Мудис и го намали кредитниот рејтинг на Германија од стабилен во негативен. Со ист рејтинг беа оценети и Холандија и Луксембург. Мудис објаснува дека овие три земји се соочуваат со ризик во случај Грција да ја напушти еврозоната.
XS
SM
MD
LG